Плаќањето за производите на Wolf.mk купени преку веб страната www.wolf.mk може да се изврши на еден од подолу наведените начини:
- Плаќање со платежна картичка
- Плаќање при достава
По извршената испорака нема можност да се откаже купениот производ и да се сторнира платениот износ освен во случаи кога корисникот има право да го откаже купувaњето врз основа на императивните одредби на Законот за заштита на потрошувачите.
Секој купувач е должен при превземање на производот, да го провери од евентуални оштетувања при транспорт, а доколку се работи за повеќе производи, да провери дали некој производ недостасува.
Доколку производот е испорачан оштетен, или одреден производ недостасува од нарачката, купувачот треба да не информира веднаш, како би превземале мерки за отстранување на ненамерната грешка. Во овој случај, трошоците за замена на производот нема да бидат на товар на купувачот.
Во случај купувачот да сака да го врати производот, не по наша вина или вина на доставувачот, и сака да му се врати уплатената сума на производот, тогаш од крајниот износ ќе биде одбиен целосниот трошок за испорака, во двете насоки по ценовникот на овластениот доставувач.
Доколку купувачот сака да го замени или врати производот, должен е да го чува неоштетен, неотпакуван и неупотребуван заедно со сите приложени документи, на негов трошок да го врати до главниот магацин на Wolf.mk.
Времето на испорака во Штип изнесува 24 часа (1 работен ден) од моментот на правењето на нарачката. Низ другите градови во Македонија времето на испорака изнесува 120 часа (5 работни дена) од моментот на правењето на нарачката. Доколку нарачката е направена после 15 часот тогаш периодот за испорака започнува да тече од следниот работен ден. Доколку нарачката е направена во неработен ден рокот започнува да тече од првиот работен ден. Во рокот на испорака не се пресметуваат неработните денови.
Доколку има доцнење на испораката од страна на компанијата која е ангажирана за извршување на испораката, Wolf.mk не може да превземе никаква одговорност.
Испораката на нарачките ќе се врши преку Карго Експрес или преку друг овластен доставувач.